Вчера попладне, во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански“, кадетската екипа на ЖРК Вардар беше домаќин на тимот на РК Филип Вардар од Прилеп. Девојките предводени од Платон и Папуџиева во мечот целосно доминираа во сите сегменти на ракометната игра. Младите вардарки дојдоа до победа со високи 40 гола предност, ние триумфиравме со резултат 44-4 (19:4).
