Утре во Тетово ќе се одигра одложеното 2.првенствено коло кај младинските фудбалски категории. Активни ќе бидат кадетите и младинците, кои гостуваат на екипата на Шкендија. Ова коло се одложи поради настапот на македонската селекција до 19 години, која настапи на турнир во Летонија.
Кадетите и младинците ги добија првите два натпревари оваа сезона, на домашен терен беа совладани екипите на Македонија Ѓ.П и Ренова. Младинците на овој дуел ќе бидат ослабени за неиграњето на Јакуп Бериша, кој ќе конкурира за настап во првиот тим на купот дуелот против Македонија Ѓ.П. Од друга страна тренерот на кадетите, Златко Таневски нема многу избор околу составување на стартните 11 на овој дерби меч, па ќе излезе со проверени сили како на првите два натпревари.
Мечевите утре ќе започнат во термините од 10 и 12 часот.