Лош ден за младинските екипи на ФК Вардар. Уште една генерација е надвор од натпреварите во Купот. Денес на „Академијата“ во рамките на 1/4 финалето елиминирани се нашите кадети кои изненадувачки беа поразени од екипата на Њу Старс. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 1:2.
Со гол во 44 минута преку Никола Миткоски, гостинската екипа на полувреме имаше минимална предност од 0:1. Долго време во вториот дел немаше промена на овој резултат, се до 73 минута кога стоперот на Вардар, Филип Ѓоргоски успеа да погоди и да донесе израмнување на 1:1. Сепак во 83 минута од дуелот, Њу Старс со погодокот на Матео Софијаноски ги постави конечните 1:2 на натпреварот.
ФК Вардар: Јовчев, Давков, Ѓорѓиевски, Ѓоргоски(К), Трпезановски, Живков, Гуџуфи, Тасевски, Андрески, Трајковски, Марковски.
Во игра во вториот дел влегоа Јовановски, Хасани, Стојановски и Мирков.
За добрите познавачи, можеби денешниот резултат не е големо изненадување. Вардар денес настапи без капитенот Давидовски и Стојчевски кој вчера настапи за првиот тим, додека во стартниот состав немавме играчи како Антонио Мирков, Георг Стојановски и Дарио Јовановски, кои влегоа во вториот дел, но не успеаа да донесат пласман понатаму. Сепак нема оправдувања за денешниот пораз, а честитките одат за противничката екипа.
Вардар со само една екипа ќе продолжи во полуфиналето, единствени кои се обидат сезонава да стигнат до трофејот во Купот се помладите пионери.