Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > После младинците и пионерите на Вардар ги завршија настапите во националниот Куп
После младинците и пионерите на Вардар ги завршија настапите во националниот Куп

После младинците и пионерите на Вардар ги завршија настапите во националниот Куп

Пионерите на Вардар не успеаа да ја поминат 1/4 финалната пречка во Купот и на тој начин ги завршија настапите во ова натпреварување. Денес на теренот на „Алумина“’ се одигра дуелот во 1/4 финалето меѓу екипите на Работнички и Вардар, а како поуспешен се покажа градскиот ривал кој славеше победа со резултат 2:1.

По првите 45 минути резултатот беше израмнет на 1:1. Екипата на Работнички прва успеа да го отвори резултатот со голот на Емир Хусеиноски. На шест минути пред крајот на полувремето, црвено-црните успеаа да се вратат во игра и да израмнат на 1:1, со голот на Левент Ибраим.

Во второто полувреме од натпреварот падна само еден гол истиот заврши во нашата мрежа. Се играше 59 минута од дуелот кога Борјан Попоски постигна гол и донесе предност за домашниот тим од 2:1. До крајот на натпреварот иако се обидувавме да израмниме, сепак не реализиравме, па го загубивме 1/4 финалниот дуел во Купот.

ФК Вардар: Ангелов, Ричков, Каровски, Јаневски, Милошевски, Љушев (К), Попов, Хајдари, Ибраим, Здравковски, Перковски.

Во игра влегоа уште и Стојановски, Курти и Анчевски.