Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар имаше играч повеќе, но на крајот сепак загуби
Вардар имаше играч повеќе, но на крајот сепак загуби

Вардар имаше играч повеќе, но на крајот сепак загуби

Вардар се враќа од Кратово без бодови. Иако играше цело второ полувреме со играч повеќе, сепак Силекс дојде до трите бода и ја прекина серијата на Вардарци.

Мирни 20.минути се играа денес во Кратово без шанси на двете страни. Првата посериозна закана дојде од домаќинот и тоа во 23.минута, откако Денис Ристов одлично со глава но на самата гол линија спречи погодок за домашните Мартинага. По оваа шанса и двете екипи се менуваа со притисокот, но без посериозни шанси и закани по двата гола. Кога се чинеше дека ќе се замине на пауза без големи возбудувања, кај домашниот тим Карчевски играше со рака, по што Ставрев му покажа втор жолт и пат накај соблекувалните. Со ова се отоври голема шанса за Вардар во вториот дел.

Во 51. минута голема грешка на Мартинага. Ристов од само неколку метри со глава носи водство за кратовци и со играч помалку на теренот. По голот, Вардар тргна во целосна офанзива по голови, но беше безидеен без употребливи топки, само кружеше по голот на домаќинот. Во 73. минута Филип Петковски со глава од десеттина метри биеше добро но брани домашниот голман и пропадна оваа шанса. Во 82. минута одново голема шанса со глава на Петковски кој биеше млако само по средината на голот. До крајот на дуелот Вардар се обидуваше, но немаше идеа како да постигне погодок, па со резултат 1:0 заврши денешниот дуел.