Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар се елиминирани од Купот, Њу Старс подобар во 1/4 финалниот дуел
Младинците на ФК Вардар се елиминирани од Купот, Њу Старс подобар во 1/4 финалниот дуел

Младинците на ФК Вардар се елиминирани од Купот, Њу Старс подобар во 1/4 финалниот дуел

Младинците на ФК Вардар се елиминирани во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Денес на теренот во Ѓорче, црвено-црните загубија од екипата на Њу Старс. Конечниот резултат гласеше 2:1

Вардар имаше предност од 0:1 со голот на Антонио Мирков во 20 минута од натпреварот. Во вториот дел домашниот тим се погрижи да го сврти резултатот со два гола и да обезбеди пласман во 1/2 финалето на Купот. Истите беа постигнати во 54 минута преку Стефан Ѓорѓиев и во 80 минута од пенал на Михаил Димитриевски.

ФК Вардар: Стојковски, Јовановски, Шабани, Ѓоргоски, Мицевски, Хасани, Гугуљанов (К), Стојановски, Мирков, Исени, Петејчук.

Во игра влегоа уште Тасевски, Андрески и Илиев.