Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дури 12 позитивни на Ковид-19 во РК Вардар
Дури 12 позитивни на Ковид-19 во РК Вардар

Дури 12 позитивни на Ковид-19 во РК Вардар

Несомнено пандемија на Ковид-19 владее во редовите на актуелниот европски ракометен првак, РК Вардар 1961. 
Откако веднаш по мечот со Киелце од таборот на вардарци потврдија дека имаат позитивни на Ковид-19, што беше и причина за одложување на натпреварите со ПСЖ и Порто кои требаа да се играа оваа седмица. Вчера, тренерот на црвено-црните Стевче Алушовски потврди дека има дури 12-мина позитивни на Ковид-19.  Од кој 11 се ракометати еден е од медицинскиот тим на екипата.  Ситуацијата е тешка, малкумина останаа за одвивање на активностите на подготовка, па се очекува негативните да работат индивидувално во теретана. Голема е веројатноста до крајот на календарската година воопшто да не се одигра официјален натпревар.