Во рамките на 15.коло во ПМФЛ ќе се одигра градското дерби меѓу екипите на Вардар и Работнички.
ФФМ ги одреди судиите за овој дерби дуел, да ја дели главната правда ја доби Марјан Маркоски (Охрид). Негови помошници ќе бидат Куштрим Лика (Кичево), Александар Грујоски ( Кичево), додека делегат ќе биде Ерџан Менга (Гостивар).
Натпреварот ќе се одигра во недела (06.12) со почеток од 13:00 часот.