Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите се пласираа во 1/2 финалето на Купот, после победата против Кул
Кадетите се пласираа во 1/2 финалето на Купот, после победата против Кул

Кадетите се пласираа во 1/2 финалето на Купот, после победата против Кул

Кадетите на Вардар ќе играат во 1/2 финалето на Купот, откако денес со убедливи 3:0 ја поразија екипата на Кул, во рамките на 1/4 финалето.

Единствениот натпревар во оваа елиминациска фаза се одигра денес на теренот во Ѓорче Петров и заврши во корист на нашите млади надежи, кои одиграа добар натпревар и на крајот заслужено славеа, со хет-трик на Тино Спасиќ.

Уште во 4.минута од натпреварот после центар шут на Дошев од Корнер, Тино Спасиќ со глава успеа да биде прецизен и да го отвори резултатот за 1:0. Вардарци имаа посед на топка и контрола на играта, веќе во 35 минута го зголемивме резултатот на 2:0, со нов гол на Спасиќ, кој овој пат се ослободи од еден играч и успеа од некаде 16.метри да го совлада голманот на Кул. Со резултат 2:0 се замина на полувреме.

На почетокот на вториот дел, нашиот голман, Никола Филевски имаше една добра интервенција и не дозволи на противникот да го намали резултатот. Се играше 67 минута кога по асистенција на Јовановски, веќе имавме солидна предност од 3:0 со хет-трик на Тино Спасиќ. Покрај погодоците имавме уште неколку обиди да го загрозиме голот на Кул. Зицер позиција за погодок имаше Кулуковски, од слободен се обиде Цветков, додека и Јовановски имаше неколку удари на овој натпревар.
Вардар: Никола Филевски, Давор Серафимов, Марко Стојилевски (К), Влатко Кулуковски, Горјан Цветков, Зоран Фидановски, Михаил Кузмановски, Симеон Здравковски, Ѓорѓи Дошев, Тино Спасиќ, Филип Јовановски.
Играа уште и Андреј Данстак, Филип Радевски, Максим Бундалески и Никола Уневски.
Во полуфиналето на Купот ќе играме со екипата на Брегалница, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Шкендија и Милано.