Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖРК Вардар врза победи во низа, триумф кај Овче Поле
ЖРК Вардар врза победи во низа, триумф кај Овче Поле

ЖРК Вардар врза победи во низа, триумф кај Овче Поле

Нова победа за ЖРК Вардар во плеј-офот, денес црвено-црните девојки триумфираа во Свети Николе кај Овче Поле СУ. Победата дојде со резултат 17-33.

Првиот дел започна со наша доминација на самиот старт, ние влеговме во серија и се одлепиме на шест плус при резултат 1-7. Се беше јасно како ќе се одвива понатака, ја зголемивме додатно предноста и на одмор отидовме со осум гола повеќе, односно со резултат 7-15. Во вториот дел се продолжи исто, домаќинот немаше сили да се спротистави на нашите девојки. Клупата на нашиот тим доби прилика, предноста раснеше и на крајот победивме со 17-33.

Кај нас прв стрелец беше Магдалена Тошевска со 9.гола, а пак капитенот Диневска Бојана постигна 6.погодока.

Кај голманите Илиќ одбрани 9.удара, Ѓорѓиевска сопре 3.топки,а Галачева фати 2.удара.