Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Девет ракометари на Вардар се најдоа на поширокиот список на селекторот Лазаров, за претстојните квалификациски натпревари
Девет ракометари на Вардар се најдоа на поширокиот список на селекторот Лазаров, за претстојните квалификациски натпревари

Девет ракометари на Вардар се најдоа на поширокиот список на селекторот Лазаров, за претстојните квалификациски натпревари

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2.

Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекциите на Луксембург и Турција.

На поширокиот список за овие натпревари се најдоа Мартин Томовски, Васил Гогов, Михаил Аларов, Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски, Томислав Јагуриновски, Мартин Карапалевски, Филип Талески и Марко Мишевски.