Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар не успеаа да се пласираат во 1/2 на купот, нерешениот резултат не беше доволен да се елиминира Шкендија
Кадетите на ФК Вардар не успеаа да се пласираат во 1/2 на купот, нерешениот резултат не беше доволен да се елиминира Шкендија

Кадетите на ФК Вардар не успеаа да се пласираат во 1/2 на купот, нерешениот резултат не беше доволен да се елиминира Шкендија

Кадетите на ФК Вардр не успеаа да обезбедат пласман во полуфиналето на купот, откако денес на теренот на Академијата одиграа само 2:2 против екипата на Шкендија. Противникот славеше на првиот четвртфинален меч со 2:1 и на тој начин ќе игра во најдобрите четири екипи на националниот куп.

Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимевски, Радевски, Калчиноски, Ѓурковски, Битиќи, Адем, Ибиши, Ѓорѓиески, Димоски, Дарлишта, Наумчески.

Вардар беше тимот кој прв го отвори резултатот и тоа пред крајот на првото полувреме, кога Џимал Ибиши погоди во 43 минута и го донесе Вардар во предност од 1:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме. Во првите 45 минути, црвено-црните имаа резултат, кој ги носи во полуфиналето на купот. Сепак во второто полувреме, во 61 минута, тимот од Тетово успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1 и тоа преку нововлезениот Бесарт Реџепи во 61 минута. До крајот на мечот паднаа уште два гола и тоа по еден на двете страни. Голема радост за Вардар во 85 минута донесе нововлезениот Фитор Реџепи, за водство од 2:1, но веќе во следната минута сите надежи дека можеме да играме полуфинале ги сруши Илбер Каримани кој го израмни резултатот на 2:2. Немаше многу време за поголеми возбудувања и овој дуел заврши со нерешени 2:2.

Во игра влегоа уште Благојевиќ, Бериша, Димов, Реџепи, Антовски и Пешевски.