Изминатиов викенд активни со контролни натпревари беа и кадетите на Вардар. Нашите млади надежи на теренот во населбата Хиподром беа поразени од екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 2:3
После одигрување на првото полувреме резултатот беше 1:1. Противникот прв успеа да го отвори резултатот, но Вардар со голот на Никола Величковски успеа да го израмни резултатот. Во вториот дел гостинската екипа од Ѓорче успеа да ги искористи своите шанси, да постигне два гола и да зголеми на 1:3. За намалување на 2:3 се погрижи Мануел Абаз, но недоволно да се избегне пораз на овој контролен натпревар.
Вардар: Кирил, Каровски, Таневски, Анчевски, Тренкоски, Алексоски, Стојановски, Абаз, Перковски, Јовановски и Величковски.