Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 6.коло во ракометната Супер Лига, победи за фаворитите
Преглед на 6.коло во ракометната Супер Лига, победи за фаворитите

Преглед на 6.коло во ракометната Супер Лига, победи за фаворитите

Изминатиов викенд се одигра 6.коло во ракометната машка Супер Лига. Вардарци ја продолжија победничката серија откако на домашен терен беа подобри од екипата на Металург. Противникот долго време даваше отпор, но црвено-црните во последниот дел од мечот не само што го скршија отпорот, туку на крајот стигнаа и до убедлива победа. Потешко од очекувањата до триумф стигна и тимот на Е.Пелистер на гостувањето во Охрид. Се намачи и Бутел кај Радовиш, додека победнички продолжи и вториот тим на Е.Пелистер. Тиквеш беше подобар од Прилеп, додека Пролет ја оправда улогата на фаворит на гостувањето во Струга.

Комплетни резултати од 6.коло:

Тиквеш – Прилеп  34:27

Радовиш – Бутел  21:22

Вардар – Металург  38:30

Охрид – Еурофарм Пелистер  25:27

Скопје – Е.Пелистер 2  24:29

Струга – Пролет  24:29

Вардар останува на првото место со максимални 18 бодови, додека второто место со идентични 15 бодови го делат екипите на Е.Пелистер, Пролет и Е.Пелистер 2.