Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Шкендија беше гостин на Вардар, пионерските екипи одиграа пријателски натпревари
Шкендија беше гостин на Вардар, пионерските екипи одиграа пријателски натпревари

Шкендија беше гостин на Вардар, пионерските екипи одиграа пријателски натпревари

Со оглед дека се уште постои неизвесност за стартот на новата сезона во младинските фудбалски лиги, екипите на Вардар продолжуваат со одигрување на контролни натпревари, со цел да ја одржуваат формата и да имаат континуитет во играта. Денес на теренот во населбата Хиподром, активвни беа пионерските екипи кои за противник ја имаа екипата на Шкендија. На овие натпревари остваривме половичен успех од една победа и еден пораз.

Пионерите успеаа да излезат како победници на натпреварот со екипата на Шкендија. Избраниците на Саше Божиноски остварија победа која беше изразена со резултат 3:1. Вардар успеа прв да го отвори резултатот со погодокот на Алтин Алији, додека до крајот на првото полувреме гостите од Тетово израмнија на 1:1 со удар од белата точка. Во вториот дел имавме неколку прилики и бевме подобрата екипа на теренот. Во шанси се најдоа Серафимов и Дошев, додека со погодокот на Алији поведовме со 2:1. За повисока победа се погрижи Агрон Туша кој ги постави конечните 3:1 на овој пријателски натпревар. Заслужена победа за нашите млади надежи кои имаа и повеќе од поседот и создадоа поконкретни шанси од противникот.

Вардар: Илиевски, Кулуковски, Серафимов, Митревски, Цветков, Фидановски, Дошев, Спасиќ, Кузмановски, Јакимовски и Алији.

Во игра влегоа и Цикарски, Туша, Јаневски, Николовски, Ристовски и Мицевски.

Помладите пионери беа поразени од Шкендија со резултат 0:3, иако конечниот резултат не ја отсликува реалната слика на теренот. Вардарци имаа неколку стопроцентни шанси, но денес изостануваше конечната реализација. Противникот беше во предност од 0:1 по истекот на првиот дел, но ние имавме добри прилики преку Николовски и Коловски кои не ги претвориме во погодок. Во вториот дел шанса за настап добија сите играчи кои беа на располагање на тренерот Божиноски. Во овој дел од мечот имавме шансо да израмниме дури и да направиме пресврт, преку Ајетовиќ, Анастасов и Николовски, но едноставно денес мрежата на Шкендија како да беше магепсана. До крајот на овој дуел, гостинскиот тим постигна уште два гола, за на крајот и убедливо да победи.

Вардар: Данстак, Танчев, Величковски, Јанкоски, Ајетовиќ, Миовски, Лефковски, Нуредини, Николовски, Коловски и Анастасов.