Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Мирков ја „искина“ мрежата на Шкендија, момците на Бабунски со победа на контролен натпревар
Мирков ја „искина“ мрежата на Шкендија, момците на Бабунски со победа на контролен натпревар

Мирков ја „искина“ мрежата на Шкендија, момците на Бабунски со победа на контролен натпревар

Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, младинците на ФК Вардар успеаа да ја победат екипата на Шкендија. На овој контролен натпревар, избраниците на Бобан Бабунски го победија големиот ривал со резултат 5:3.

Денес видовме ефикасен натпревар со дури осум голови, а свое гол „шоу“ имаше Антонио Мирков кој ја наполни мрежата на Шкендија, постигнувајќи дури четири голови. Токму со погодокот на Мирков успеавме да го отвориме резултатот за 1:0. Противникот од Тетово враќаше на нашите погодоци, успеа најпрво да израмни на 1:1, за црвено-црните повторно да ја вратат предноста од еден гол, повторно на сцена стапи Антонио Мирков кој погоди за 2:1. Сепак до крајот на првото полувреме, тимот на Шкендија се избори за нерешен резултат 2:2.

Во вториот дел видовме исто така многу шанси на двете страни, што резултираше со голеада. Гостинската екипа за прв пат успеа да поведе со 2:3 и да направи резултатски пресврт. Оваа негатива како да ги разлути момците на Бобан Бабунски, кои до крајот на натпреварот тргнаа фуриозно гон голот на тетовчани, што резултираше со комплетен резултатски пресврт. Како што напоменавме денес Мирков беше одличен, па со неговиот хет-трик успеавме да израмниме на 3:3. Откако во противничкиот шеснаесетник соборен беше Јусуфи, беше покажан удар од белата точка. Одговорноста ја превзема Мирков, кој со својот четврти гол денес носи нова предност за Вардар од 4:3. До крајот на натреварот во листата на стрелци се запиша и Славче Живков кој го постави конечниот резултат 5:3 на овој контролен натпревар:

Вардар: Филевски, Јовановски, Трпезановски, Гроздановски, Ричков, Здравковски, Хасани, Јусуфи, Андрески, Живков и Мирков.

Во игра влегоа и Марковски, Тасевски и Илиевски.