Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Македонија загуби од Црна Гора, Миновска втор најдобар стрелец
Македонија загуби од Црна Гора, Миновска втор најдобар стрелец

Македонија загуби од Црна Гора, Миновска втор најдобар стрелец

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот натпревар од селекцијата на Црна Гора, но овие девојки покажуваат дека има иднина за женскиот ракомет. Иако поразени со само еден гол разлика, сепак до крајот на натпреварот кој се одигра во Никшиќ бевме рамноправен противник.

Црна Гора подобро го отвори натпреварот, но избраничките на Савевски имаа одговор и во два наврати поведоа и со два гола разлика. Сепак следеше серија на домашната репрезентација од пет последователни голови, за водство од 10:7. До крајот на првото полувреме, Македонија воспостави рамнотежа, па по истекот на првите 30 минути резултатот беше израмнет на 16:16.

Во второто полувреме, Црна Гора играше подобар ракомет, успеа да се одлепи и на плус шест голови, кога се мислеше дека победникот на натпреварот е одлучен. Сепак, Македонија полека се враќаше во игра, покажа карактер и на моменти се враќаше на еден гол негатива. Сепак на крајот пресуди искуството кај противникот, кој триумфираше минимално со резултат 31:30.

Сара Миновска се повеќе се наметнува на селекторот Савевски, вардарката беше втор најефикасен играч постигнувајќи 6 голови. Ивана Џатевска постигна 1 гол, додека Борјана Коцева не се запиша во листата на стрелци.