Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар и дадоа четири гола на Брера за 25.минути и ја елиминираа од Купот
Кадетите на ФК Вардар и дадоа четири гола на Брера за 25.минути и ја елиминираа од Купот

Кадетите на ФК Вардар и дадоа четири гола на Брера за 25.минути и ја елиминираа од Купот

Кадетите ја елиминираа Брера Струмица и се пласираа во 1/4 финалето во Купот на Р.Македонија.

Нашите кадети денес на гостински терен во Струмица, успеаа да излезат како подобри во соочувањето со тимот на Брера и да слават со резултат 2:4 (1:0).

Екипата на Брера имаше водство од 1:0 на полувреме, со погодок во 14.минута од натпреварот, резултат со кој и завршија првите 45 минути од овој осминафинален меч во Купот.

Избраниците на Пепи Ѓоргиевски го одиграа можеби најдоброто полувреме сезонава, за 45 минути направија комплетен пресврт и на крајот славеа победа. Златко Радески денес постигна два одлични гола, какви што ретко се гледаат на фудбалските терени во младинските натпреварувања. Најпрво во 55.минута со волеј удар успеа да го совлада голманот на домашниот тим и да израмни на 1:1, на самиот погодок истиов играч упати центар шут од корнер, за најпрво да бие Спасовски, но топката се одби до Радески кој перфектно погоди за израмнување. Вардар ја превзеде комплетно иницијативата на натпреварот во Струмица, додека Брера беше во подредена улога.

Само пет минути подоца, успеваме да направиме пресврт и со голот на нововлезениот Стојанче Камчев, кој излезе очи во очи со голманот, после асистенција од Шаботиќ, за предност од 1:2. Уште едно ремек дело видовме на репрезентативецот Радески, кој во 69.минута со директен удар од корнер успеа да го матира домашниот чувар на мрежата за водство од 1:3. Брера целосно се распадна, следеше нов погодок во нивната мрежа, овој пат во листата на стрелци се запиша Кристијан Галевски, кој во 78 минута на уште една одлична асистенција од Шаботиќ, успева да погоди за 1:4. Во 80.минута, Брера го намали резултатот на 2:4 и го ублажи поразот во 1/8 финалето на Купот.

Вардар: Максим Краљевски, Златко Радески, Харбин Туша, Милош Спасовски (К), Филип Смиљков, Хабиб Бектеши, Александар Миовски, Михаил Танчев, Емир Шаботиќ, Кристијан Галевски, Мичо Поповски.

Играа уште и Матеј Ѓорѓиевски, Мирза Хасиќ, Стојанче Камчев и Андреј Бошковски.

Честитки до целиот тим и стручниот штаб за победата и пласманот во следната рунда од ова натпреварување.