Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Елиминација за вардаровите младинци во Купот
Елиминација за вардаровите младинци во Купот

Елиминација за вардаровите младинци во Купот

Младинците на ФК Вардар загубија неочекувано високо од екипата на Брера Струмица во рамките на 1/8 финалето во Купот и ги завршија настапите во ова натпреварување за сезонава. Натпреварот кој се одигра во Струмица му припадна на домашниот тим кој славеше со резултат 4:1 (3:0).

Вардаровите младинци немаа свој ден и загубија од Брера, уште на полувреме противникот имаше предност од 3:0, со голови во 9. 23. и 34.минута.

Во вториот дел, Марко Николовски успеа да го постигне првиот и единствен гол денес за Вардар, за намалување на 3:1, во 64.минута, но само три минути подоцна, Брера ја запечати победата со уште еден гол во нашата мрежа, за конечни 4:1, на овој единствен натпревар од 1/8 финалето во Купот.

Вардар: Никола Филевски, Влатко Кулуковски, Зоран Фидановски, Тино Спасиќ, Матеј Гаштаров, Лука Јакимовски, Горјан Цветков (К), Давор Лефковски, Марко Николовски, Антонијо Крстевски, Филип Радевски.