После паузата поради ЕХФ неделата, продолжуваат натпреварите од 10.коло во Супер Лигата. Нашиот тим во петок на домашен терен во дербито на колото ќе го пречека тимот на Металург Автокоманда.
Дербито со Металург Автокоманда го најавува нашиот играч, Сара Стефаноска која ветува интересен дуел за гледачите во салата „Круме Кепески“. Стефаноска е веќе петта година дел од Вардар, клуб во кој ги помина и младинските категории. Нејзиниот квалитет беше препознаен од настапите во „Јуниор Лигата“ кога настапуваше за РК Кале од Кичево.
-Се среќаваме со добра екипа, борбена и добро организирана, поради тоа мора многу паметно да играме . Ние ќе дадеме се од себе, а резултатот на крај ќе го покаже подобриот. Со сигурност можам да кажам дека претстои интересен дуел, на кој можат да решаваат нијанси за конечниот победник. Ние напорно тренираме и се подготвувавме за овој натпревар.
Сара дебитираше за сениорката репрезентацијата на Македонија, која изминатиов викенд одигра два контролни натпревари со репрезентација на Велика Британија. Добрите игри во Вардар беа препорака за селекторот Кристијан Грчевски и неговиот стручен штаб, да и дадат шанса на Сара да ги покаже своите квалитети кои несомнено е дека ги поседува.
–Сонот се оствари, со напорна работа, труд и дисциплина. Напорно трениравме,….
Целото интервју може да го погледнете на официјалниот сајт на ЖРК Вардар- тука!