Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на ЖРК Вардар се есенски шампиони
Пионерките на ЖРК Вардар се есенски шампиони

Пионерките на ЖРК Вардар се есенски шампиони

Пионерките се есенски шампионки, 7/7 во лигата.

Избраничките на Новеска Даниела и Атанасова Ружица дојдоа до 7/7 во лигата оваа есен. Во последното коло за 2023 година како домаќини бевме подобри од РК Старк 2022. Ние го совладавме тимот од Кочани со резултат 32-6 (16-3).

Вардарки на почетокот тргнаа офанзивно и поведоа со три гола повеќе по само пет минути игра на оваа средба. По одбрана на Ангелов Инес во контра-напад погоди Јанева Неда за 4-1. Противникот од градот Кочани намали на 4-2 и покажуваше знаци дека ќе се бори за резултатот. Сепак по овој момент се до крајот ние бевме тимот кој доминираше на теренот. Во 16.минута погоди Павичевиќ за двоцифрена предност при резултат 13-3. На пауза заминавме со 13.гола повеќе од противникот, односно со резултат 16-3 за црвено-црните пионерки.

На самиот втор дел започнавме фуриозно, ние доминиравме во поле. Со серија 12-1 поведовме со високи 28-4. Се до крајот беше рутина, победата дојде со резултат 32-6.

Со оваа победа заминуваме на зимска пауза како лидери во нашата група, со максимален број на освоени бодови.

Вардар: Б.Тодоровска 1, И.Ангелов, Стојанова 1,Јанева 7, Д.Тодоровска 3, Дамјаноска 1, М.Ристовска 3, Павичевиќ 3, Илијоска 3, Н.Ангелов, Херин, С.Ристовска 7, Петровска 1 и Манева 2.