Стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона за младинските фудбалски категории, кои веќе полека започнаа да ја темпираат формата за новите предизвици кои им следат. Меѓусебен контролен натпревар на академијата одиграа пионерите и кадетите на фудбалскиот клуб Вардар. Очекувано подобри беа повозрасните, кадетите на Влатко Колев ги надиграа пионерите на Тодоровски. Ова беше прв натпревар за двете екипи во овој подготвителен период. Мечот се играше во две полувремиња, по 35 минути. Конечниот резултат гласеше 4:1.
Уште по првото полувреме, кадетите имаа предност од 2:0. Во вториот дел повторно поефикасни беа кадетите, додека пионерите успеаа да постигнат почесен гол. Абдул Скор на два пати и по еднаш Александар Трајчевски и Оливер Дишлиевски беа стрелци на головите за Вардаровите кадети. Јакуп Бериша го постигна голот за пионерите.
Сеуште не е познато каде двете наши екипи ќе ги одработат подготовките. До тогаш остануваме да тренираме на академијата.