Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Заврши одморот за фудбалерите, повторо се “палат моторите“, од утре по два тренинзи
Заврши одморот за фудбалерите, повторо се “палат моторите“, од утре по два тренинзи

Заврши одморот за фудбалерите, повторо се “палат моторите“, од утре по два тренинзи

Шефот на стручниот штаб на црвено-црниот фудбалски колектив Гоце Седлоски по меч во Загреб од шампионската лига со Динамо им даде краток одмор на фудбалерите. Тие по четири дена пауза повторно се на зелениот тререн каде ќе се подготвуваат за предизвиците во првата лига и Купот на Република Македонија за следната сезона 2016/2017.

Денес момците ќе имаат само еден тренинг, а од утре (вторник)  ќе се тренира два пати на ден на тренинг кампот на ФК Вардар во скопската населба  Хиподром. Вардар имаше подготовки за сезоната што следи во Австрија, а потоа и Хрватска по чие завршување се вративме во Скопје една недела пред првиот дуел со “модрите“ во Лигата на шампионите кој се одигра на 12 јули на арената “Филип втори“ во Скопје. Горк е вкусот од двомечот со Динамо Загреб каде покажавме храброст, желба и квалитет, но и покрај трите постигнати гола во двата меча со овој противник неуспеавме да забележиме успех во двомечот.