Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Херем подобра од Лакрабер и Лејно, на предолимпискиот турнир во Улстеинвик

Херем подобра од Лакрабер и Лејно, на предолимпискиот турнир во Улстеинвик

Ракометната репрезентација на Шпанија е победник на предолимпискиот турнир во Улстеинвик. Тие беа изненадување на овој турнир освојувајќи го првото место во конкуренција на Норвешка, Франција и Романија. Иако во последното коло одиграа нерешено против Романија, овој бод им беше доволен на крајот да го освојат првото место.

Во другиот меч се сретнаа селекциите на Норвешка и Франција, во чии состави настапуваат ракометарки на Вардар. Како победник во овој дуел излегоа скандинавките, кои славеа со резултат 25:24. Во текот на целиот натпревар се играше доста израмнето, но на крајо подобро се снајдоа Норвежанките. Ниту една од двете репрезентации немаа поголема предност од три голови. Во победничкиот тим новата Вардарка, Камила Херем постигна еден гол, додека на спротивната страна Лакребер погоди шест пати. Интересно е тоа што и голманката Амандин Лејно постигна еден гол.

На крајот од турнирот, двете нови засилувања за црвено-црните, Лакрабер и Херем имаа постигнато по 13 голови. Шест девојки од Вардар ги очекуваат олимписки игри во Рио.