Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ѓоко Маркоски: “Јуниор“ лигата е проект кој ќе прерасне во бренд и ќе биде пример за сите останати спортови во Р. Македонија
Ѓоко Маркоски: “Јуниор“ лигата е проект кој ќе прерасне во бренд и ќе биде пример за сите останати спортови во Р. Македонија

Ѓоко Маркоски: “Јуниор“ лигата е проект кој ќе прерасне во бренд и ќе биде пример за сите останати спортови во Р. Македонија

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 20 ракометни школи низ целава држава, земаа учество во овој проект на РК Вардар, кој се покажа како многу успешен уште во првата година на постоењето. Ние како медиум кој паралелно ги прати случувањата во лигата и известува за истите, имавме можност да поразговараме со тренерот на РШ Кале-Вардар од Кичево. Се работи за Ѓоко Маркоски кој за нашиот сајт ќе ги сподели впечатоците од дебитанската сезона на лигата, постигнатите резултатите на својта школа и очекувањата за новатата сезона на “Јуниор“ лигата.

- “Вардар Јуниор“ лигата како проект е од големо значење за ракометниот спорт и не само за нас како ракометна школа и за РК Вардар туку и за Р. Македонија. Ова е  проект од кој нема назад, проект кој ќе прерасне во бренд и пример за другите спортови. Ние како ракометна школа искрено сме задоволни од функционирањето на првата сезона од “Вардар Јуниор“ лига, но сепак се надеваме и сме убедени дека тимот на ракометната Академија Вардар користејќи ги искуствата од првата година ќе ја зголеми понудата за што поуспешна втора сезона. Во првата сезона во “Вардар јуниор“ лига како прво искуство за многу од нас посебно децата вклучени во ваков систем на натпревари имаа можност да ги покажат своите и не само ракометни знаења туку и другите човекови вредности. Првата сезона си ги покажа и своите силни и слаби страни ,каде сите ние како тренери, судии, играчи мора да работиме да го подигнеме и нашето, а со тоа и нивото на академијата во целост. Во секој случај, има влијание и во двата правци.

Тренерот Маркоски ја истакнува посветеноста на децата и залагањето на натпреварите, но и нивниот сериозен пристап кон оваа лига, која има дава голема можност за успех во нивната понатамошна играчка кариера.

-Децата се запишуваат следејќи ги нашите достигнувања во текот на сезоната, достигнувањата на ЖРК Вардар, РК Вардар и што е најважно посветеноста на ракометната академија Вардар за вклучување на што поголем број на деца во овој проект каде што децата ќе имаат можност да спортуваат, дружат и што е уште поважно да постанат вистински личности вредни за почит. децата не се отпишуваат како претходно ( за тоа нема да пишувам, не сакам некој да се препознаат во текстов ) –имаат лига ,имаат добар проект со добро опкружување. Бројот на деца за сезона 2015/16 броеше над 60 деца, кои во најголем дел дел ја сфатија сериозно работата и посветено. Во игра не се ни штедеа секогаш го даваа својот максиум, некои од поамбициозните ја видоа и можноста за нивно лично спортско достигнување, да бидат видени, забележани и во иднина да потпишат некој професионален договор.

Ракометната школа Кале-Вардар располага со голем број на деца, кај кои има потенцијал и квалитет да заиграат во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

-Во поширокиот список од нашата школа за селекција 2000-01 влегоа четири деца Анастасија Митаноска, Виктор Кузманоски, Виктор Вељаноски и Бојан Маркоски, додека во потесниот список за наша жал не влезе ни едно ,но јас сум убеден дека за наредната сезона со заедничка работа ќе има и за нив . Тоа се деца со добра моторика одлична висина– 190 СМ– последните двајца ( високите деца поспоро напредуваат во однос на пониските така да времето работи за нив) еден од нив е левичар – права реткост на нашиве простори и треба да има трпение, поширока поддршка и разбирање.

Напорната работа и труд секогаш исплива на површина. Ѓоко е задоволен од прикажаните игри и резултати на своите екипи, со надеж дека тоа ниво на игра ќе биде подигнато во следната натпреварувачка сезона.

- Напредокот во играта се почуствува уште по првите изиграни круга, нормално имаше и подеми и падови но се одеше во нагорна линија ,самодовербата им беше подобрена веруваа во тоа што го прават ,подобра прегледност во игра на момент и самокритични но сепак на крај беа презадоволни од постигнатото. Што се однесува до нас тренерите Стефаноска, Кузмановски и Маркоски во однос на прикажаната игра и постигнати резултати сме многу задоволни . Што се однесува до играта на нашите играчи можеби на моменти не убава за очи но корисна, на моменти беспрекорнаа, но на моменти и со многу стрес -со многу емоции , радувања на добрите игри да секогаш може подобро да се изигра, усоврши кон што сите ние се стремиме.

Одлични бројки на достигнувања за РШ Кале-Вардар во првата сезона на ракометната Јуниор лига.

ЕКИПНО БЕА ОСТВАРЕНИ СЛЕДНИВЕ РЕЗУЛТАТИ.

-ПРВО МЕСТО ГЕНЕРАЦИЈА 2004/05 (Ж) АКАДЕМИЈА 1
7 ДЕЦА БЕА ОД РШ КАЛЕ – ВАРДАР (Ж)

-ПРВО МЕСТО ГЕНЕРАЦИЈА 2002/03 (Ж) АКАДЕМИЈА 1
-ВТОРО МЕСТО ГЕНЕРАЦИЈА 2002/03 (М) РШ.КАЛЕ – ВАРДАР
-ВТОРО МЕСТО ГЕНЕРАЦИЈА 2000/01 (М) АКАДЕМИЈА 3
-ВТОРО МЕСТО ГЕНЕРАЦИЈА 2000/01 (ЖАКАДЕМИЈА 1

ПОЕДИНЕЧНИ НАГРАДИ ЗЕМАА СЛЕДНИВЕ ИГРАЧИ:

-САРА СТЕФАНОСКА, ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ И ГОЛГЕТЕР 2004/05 (Ж)
-ДРАГАНА МАРКОСКА, ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБАР ГОЛМАН 2002/03 (Ж)
-СОФИЈА КРСТЕСКА, ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ 2002/03 (Ж)
-ДАВИД СТОЈКОСКИ, ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ГОЛМАН 2002/03 (М).
-од вкупно 32 деца во “Вардар Јуниор“ лигата,  дури 31 играа во финале и 1 во мини ракомет.

Очекувањата за втората сезона на “Јуниор“ лигата се поголеми во секој поглед, пред се во зголемување на бројот на квалитетни екипи, кои би придонеле и за посилни и поинтересни натпревари во Јуниор лигата.

-За следната сезона влегуваме поискусни за една година, но во моментов и поослабнати во генерација 2002/03 машки. Сепак јас верувам дека оваа прекрасна генерација со нарединот упис ќе биде комплетна, додека сме посилни во генерација 2004/04 кај девојките. Со другите генерации каде што немаме комплетни тимови ќе бидеме споени во академии. За следната сезона покрај решавање на проблемите на кои наидувавме, очекувам многу позитивна енергија во сите нас , подобар квантитет и квалитет на сите екипи во“јуниор“ лигата а со тоа и наше лично докажување со нов предизвик- втора сезона на “Вардар Јуниор“ лигата, изјави Ѓоко Маркоски.

Звонко Ивановски