Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците на ФК Вардар ја победија Ренова, кадетите загубија на гостувањето во Тетово
Младинците на ФК Вардар ја победија Ренова, кадетите загубија на гостувањето во Тетово

Младинците на ФК Вардар ја победија Ренова, кадетите загубија на гостувањето во Тетово

Кадетите и младинците денес во Тетово против екипата на Ренова го одиграа 22 првенствено коло.

Кадетите иако имаа предност, сепак на крајот го загубија дуелот и останаа без бодови од ова гостување. Муас Демири беше играчот кој ни донесе водство од 0:1 во 14 минута од мечот, но противникот до крајот на првото полувреме успева да го израмни резултатот. Во вториот дел падна еден гол и тоа во нашата мрежа, во 83 минута од мечот за конечен резултат од 2:1.

Вардар: Стојковски, Бојковски, Николов, Митревски, Крстевски, Манасиевски (c), Спировски, Ристовски, Радуловиќ-Величковиќ, Трајановски, Демири.

Младинците немаа проблеми да запишат нова победа во рамките на младинската супер лига. Избраниците на Тодоровски славеа со резултат 1:3. Во 20 минута од мечот успеваме да го отвориме резултатот со голот на Давид Велковски за водство од 0:1. До крајот на првиот дел, односно во 29 минута од мечот, вардарци го зголемија резултатот на 0:2, откако погоди и Мустафа Јусуф. Во вториот дел видовме два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво црвено-црните поведоа со 0:3 со вториот гол на Велковски, додека во 75 минута почесен гол и за домаќинот, кој ги постави конечните 1:3 на овој натпревар.

Вардар: Китановски, Радевски, Пешевски (c), Наумчески, Стојчески, Велковски, Ѓорѓиески, Јусуф, Реџепи, Божиноски, Тасев.