Ракометна Европа и понатаму не му верува на тимот на Вардар и предвреме го отпишува, па дури и пред своите навивачи. Според анкетата направена на официјалната страна на ЕХФ, Вардар ниту на домашен терен не е фаворит против тим кој никогаш го нема победено во Скопје.
“Вардар Фанс” е убеден дека вечерва ќе се случи спротивното и РК Вардар ќе слави победа и тоа изразена со неколку голови позитива.