ЕХФ ги објави играчите кои се номинирани во изборот за најдобриот тим во Лигата на Шампионите, меѓу нив има и играчи од редовите на Вардар.
За првпат, гласањето ќе се одвива исклучиво преку новата смартфон апликација VELUX EHF FINAL4. Апликацијата може да се преземе на iOS или Android.
Дејан Милосављев се најде во изборот за најдобар голман, а негова конкуренција ќе бидат Арпад Штербик ( Веспрем), Бенџамин Буриќ ( Фленсбург), Марин Шего (Пик Сегед) и Гонзалежо Перез Де Варгас ( Барселона).
Во конкуренција за најдобриот тим на левата позиција е и Тимур Дибиров, а покрај него се уште и Уве Генсхајмер (ПСЖ), Валеро Ривера (Нант), Мануел Штрлек ( Веспрем) и Стефан Рафн Сигурмансон (Пик Сегед).
Даинис Кристопанс ќе се бори да биде избран за најдобар на позицијата десен бек, за која уште конкурираат и Алекс Дјушебаев (Виве Келце), Дика Мем (Барселона), Недим Ремили (ПСЖ) и Ласло Наѓ (Веспрем).
На позицијата десно крило се наоѓа повторно играч на Вардар, се работи за Иван Чупиќ, додека негови конкуренти се Блаж Јанц (Виве Киелце), Аликс Гомез (Барселона), Златко Хорват (ППД Загреб) и Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест).
Гарсија Парондо е номиниран за најдобар тренер, заедно уште со Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед), Раул Гонзалез (ПСЖ), Чави Пасквал (Барселона) и Маик Мачула (Фленсбург).