Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > Slider > За крај на силниот Европски Вардар, Пик Сегед е последната пречка на црвено-црните на патот до Келн
За крај на силниот Европски Вардар, Пик Сегед е последната пречка на црвено-црните на патот до Келн

За крај на силниот Европски Вардар, Пик Сегед е последната пречка на црвено-црните на патот до Келн

Голем ракометен спектакл вечерва во С.Ц. Јане Сандански, можеби последното уживање за сите вардарови навивачи во нашиот ракометен храм.

Пик Сегед е последната пречка за вардарци кон патот до Келн, што ќе биде и трето последователно учество на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Шансите на двете екипи се подеднакви, иако Вардар има позитивен биланс во дуелите со унгарскиот претставник. На последните шест одигграни натпревари, црвено-црните добија дури пет, додека само еднаш нивниот меѓусебен дуел завршил со нерешен резултат, додека ова е прв пат двете екипи да се сретнат во една елиминациска рунда.

Во Скопје за прв пат ќе гостуваат и поранешните вардарци, Хорхе Македа и Жоан Кањелас, тоа се играчите кои пред две години успеаа токкму со Вардар да ја освојат и нивната прва Европска титула. Ова ќе биде и посебен меч за Горбок и Скубе, кои пак минатата сезона го носеа дресот на Пик Сегед. Што се однесува до играчите кои вечерва ќе излезат на теренот, тренерот Парондо се соочува со проблеми на левата бековска позиција. Знаеме дека до крајот на сезоната нема да можеме да сметаме на услугите на Кристијан Дисингер кој ќе мора да замине најверојатно на операција, додека Вуко Борозан предвреме го напушти клубот. Најголем дел од товарот на оваа позиција ќе отпадне на Карачиќ, додека негова поткрепа ќе биде Горбок, кој долго беше надвор од терените, па русинот не е во голема натпреварувачка форма. Со тоа ја скратуваме и ротацијата на позицијата среден бек, на која најголем дел од натпреварот ќе поминува Стас Скубе.

Од друга страна противничкиот тренер, Карлос Пастор ќе може да смета на својот најсилен состав, тоа е екипа во која нема ѕвезди, додека на секоја позиција се покриени со двајца квалитетни ракометари. Интересно нивни најдобар стрелец е пикерот Банхиди кој има постигнато 63 голови, додека него го пратат крилата Сугурмансон со 58 погодоци и Шоштариќ со 54, додека четврти стрелец е Македа со 47 постигнати голови. Ова ќе биде интересен двобој и на голмните кај двете екипи. Од една страна е младиот Милосављев кој се покажа како големо голманско откритие, додека на спротивната страна е многу поискусниот и повозрасен Марин Шего, кој исто така е една од најголемите опасности по нашиот состав.

Без оглед што ова е последна сезона за овој состав на Вардар, од таборот на поранешниот Европски шампион стигнуваат само позитивни реакции во пресрет на четвртфиналниот двомеч, кои најавуваат голема борба, но и желба да се пласираат на завршниот турнир. Вардаровата публика ќе има можност за последен пат да ужива во играта на Дибиров, Стоилов, Чупиќ, Карачиќ и.т.н. кои за жал од следната сезона нема да ги гледаме во Вардар, поради најавата од страна на сопственикот, Сергеј Самсоненко дека нема да биде во можност да продолжи со финансирање.

Комити преку активности на својата официјална страна најавуваат големо присуство на вечерашниот натпревар, тие треба да го поведат својот миленик и да бидат ветер во грб за момците кои треба да остават срце на терен. Сите се надевме дека Вардар ќе не израдува, што ќе биде еден вид утеха за распуштање на екипата. Арената е целосна распродадена,  сите кои нема да присуствуват, а срцето им чука за Вардар, ќе можат директен пренос од дуелот кој стартува од 20:00 часот да проследат на Арена Спорт 4,