Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мартинага заминува кај ,,пандевци“, Крстевски не е опција!!
Мартинага заминува кај ,,пандевци“, Крстевски не е опција!!

Мартинага заминува кај ,,пандевци“, Крстевски не е опција!!

Довчерашните предводници на ФК Вардар, Александар Васоски и Раденко Бојовиќ денес и официјално тргнаа со новиот тим Академија Пандев. Овој двоец ќе се обиде „пандевци“ да ги врати на победничките патеки откако овој тим имаше лоша полусезона.

Како што дознава ,,ВАРДАР ФАНС”, Марко Мартинага дефинитивно го напушта Вардар и се сели во Струмица. Иако овој играч денес не беше на првиот тренинг, сепак утре ќе му се приклучи на неговиот нов тим и со самото тоа е првиот официјален играч што си замина од Вардар оваа зима.

Кога сме пак кај Виктор Крстевски, големиот надеж на Вардар останува во Скопје, барем засега. Дознаваме дека Крстевски нема да го засили тимот од Струмица, иако имаше најави дека и тој е на пат да го промени тимот.