Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ го потврди згуснатиот распоред на натпревари за Вардар, седум дуели во месец февруари, пет на гостински терен
ЕХФ го потврди згуснатиот распоред на натпревари за Вардар, седум дуели во месец февруари, пет на гостински терен

ЕХФ го потврди згуснатиот распоред на натпревари за Вардар, седум дуели во месец февруари, пет на гостински терен

Во договор со клубовите, ЕХФ ги потврди термините и саатниците на натпреварите во Лигата на Шампионите за тимот на Вардар. Во првиот дел од сезоната, црвено-црните одиграа само пет дуели, што значи дека им преостануваат уште седум натпревари за комплетирање на групната фаза.

Во месец февруари, вардарци ги очекува „пеколен“ распоред во ЛШ. Избраниците на Алушовски ќе одиграат дури седум натпревари, од кои само два се на домашен терен, додека на пет дуели ќе бидеме гости. На стартот не очекуваат три тешки гостувања. Во месец март ќе ги доиграме и последните два меча во рамките на групата А.

Термини во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите

4 февруари – 20,45 ч.
Порто – Вардар 1961

9 февруари – 18,45 ч.
ПСЖ – Вардар 1961

11 февруари – 18,45 ч.
Флензбург – Вардар 1961

14 февруари – 18 ч.
Вардар 1961 – ПИК Сегед

18 февруари – 18,45
ПИК Сегед – Вардар 1961

21 февруари – 16 ч.
Вардар 1961 – Елверум

25 февруари – 18,45 ч.
Елверум – Вардар 1961

4 март – 18,45 ч.
Мешков – Вардар 1961