Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар без двајца офанзивци против Академија Пандев
Вардар без двајца офанзивци против Академија Пандев

Вардар без двајца офанзивци против Академија Пандев

Вардар утре ќе одигра натпревар од 13-сетото коло во Првата фудбалска лига на Македонија, а противник ќе му биде тимот на Академија Пандев.
Пред утрешниот натпревар познат е здравствениот билтен во редовите на актуелниот фудбалски шампион. Поради повреда на овој дуел како што објавивме вчера и дефинитвно ќе го нема Мирчевски, а поради црвениот картон на дуелот во Струга, Вардар ќе мора и без Блажевски, кој ќе одработува втор натпревар суспензија од црвениот картон. Сите останати играчи се подготвени за настап и победа на својот тим.
Да потсетиме дека во првиот круг од ПМФЛ, Вардар славеше како гостин кај Академија Пандев со резултат 0:1 со голот на Блажевски од пенал.
Натпреварот утре ќе стартува од 13:00 часот со директен ТВ пренос на МТВ-1, на кој Вардар ќе се обиде да стигне до петтиот сезонски триумф.