Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ќе мора во изолација
Вардар ќе мора во изолација

Вардар ќе мора во изолација

Ракометарите на Вардар навистина немаат среќа и ќе мораат да одат во изолација. Иако клубот се уште ништо не вели на оваа тема, се огласија од Келце, велејќи дека во Вардар има четворица новозаразени со коронавирусот. Ова значи дека Вардар со сигурност ќе го одложи патувањето за Париз против ПСЖ, заказано за вторник и на 4 декември на гости кај Порто.

Очекуваме во текот на оваа вечер и официјално соопштение од Вардар 1961 на оваа тема. Според протоколот, целиот тим ќе мора да мине одреден период во изолација.

Инаку, тимот на Келце веќе е во изолација.