Фудбалскиот клуб Вардар утре со почеток од 12 часот во прес центарот на северната трибина на стадионот “Филип Втори“ ќе одржи прескоференција по повод натпреварот од лигата на шампионите, со екипата на Апоел. Своите очекувања за реванш натпреварот од второто квалификациско коло, ќе ги искажат тренерот Андрев и играчот Никола Глигоров.
На прес конференцијата ќе бидат доделени и акредитациите за новинарите, согласно нивните барања до нашиот клуб. Натпреварот се игра во вторник со почеток од 20 часот, на арената “Филип Втори“.