Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Билети за Вардар АПОЕЛ утре и задутре и на билетарата пред стадион
Билети за Вардар АПОЕЛ утре и задутре и на билетарата пред стадион

Билети за Вардар АПОЕЛ утре и задутре и на билетарата пред стадион

Два дена пред големиот дуел во второто коло од лигата на шампионите помеѓу Апоел и нашиот Вардар , тензијата се чуствува во воздухот . Билетите се распродаваат брзо низ продажната мрежа на МКтикетс . Од утре нормално и во вторник на денот на мечот истите ќе може да се набавуваат и на билетарницата пред стадион.

Билетарите се наоѓаат помеѓу јужната и источната трибина на стадионот, а работното време е од 12 до 20 часот во понеделник, и во вторник истите ќе работат од 10 до 20 часот. Цената е многу популарна, и чини само 100 денари.

Како што известуваат од клубот освен на билетарите на Националната Арена „Филип Втори“, сите заинтересирани можат да набават влезници онлајн на mktickets.mk како и на следните продажни места:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална Сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Супер 8
Њу Тобако – Охрид,
Алпине Спорт – Тетово
Оранж Тобако – Тетово