Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Газењето на Висла“ натпревар на сезоната за Рк Вардар
“Газењето на Висла“ натпревар на сезоната за Рк Вардар

“Газењето на Висла“ натпревар на сезоната за Рк Вардар

Високата победа против Висла Плоцк во реванш мечот од 1/8 во С.Ц. јане Сандански, беше натпреварот на сезоната за црвено-црните. Да потсетиме дека ни беше потребно да анулираме негатива од шест гола, која Полјаците ја остварија на првиот дуел на нивни терен. Но оваа негатива не беше пречка за избраниците на Гонзалес да ја надокнадат и да се пласираат во осум најдоби екипи на лигата на шампионите. Црвено-црната машина во вистинска смисла на зборот ја прегази Висла , и им ја демонстрираше својата сила и моќ. Подржани од речиси 8.000 грла кои својот глас го оставија за нивните миленици, победата и пласманот во осум најдобри беше сигурен. Висла успеа само еднаш да го израмни резултатот, а ниеднаш не успеа да поведе.

Постепено како и што најавуваа играчите преку нашиот сајт, ја топеа разликата и ги чекаа оние пет минути, кога ќе експлодираат и ќе го збришат на терен противникот. Но не беа само 5, туку цели 14 мин Полјаците не успеа да го најдат патот кон мрежата на феноменалниот Штербик, кој покажа зошто е најдобар голман на светот, од трибините се скандираше “Штербик мајсторе“. Сигурно дека играчите на Висла, но и нивните навивачи кои на тој натпревар ги имаше околу дваесетина,  се помирија со фактот дека оваа атмосфера и публика е многу подобра и неспоредлива со нивната. Полјаците се изгубија целосно во Комитскиот пекол во кој и многу посилни екипи си заминале со наведнати глави. Ова  сигурно беше најдобра навивачка атмосфера  во Ј.Сандански за изминатата сезона, и дефинитивно се раѓа нов вулкан, заедно со оној на Кале.

Второто полувреме започна поспано за противничата екипа, додека да се освестат нашите момци веќе на почетокот ги анулираа оние шест гола од Плоцк. Душебаев погоди за 7 плус, во тие моменти салата беше во вистински делириум. Каденас кој е далеку поискусен и повозрасен потклекна пред својот шпански сонародник и предводник на Вардаровата чета. Раул Гонзалес повторно испадна помудар од својот сонародник, но и учител. Тоскиќ мора да се спомене дека го носеше најголемиот товар во играта, комплетно во двата правци напад-одбрана.

Нашата икона Столе Стоилов беше несовладлив во борбата со противничките играчи, со кои се бореше како вистински лав. Комити му скандираа на својот миленик “Столе ти си наша икона“ . Се ова е многу полесно и поедноставно кога на голот го имавме најдобриот голман во свет-Арпад Штербик, човек со големо срце е вистински професионалец, голема сила и подршка за својата екипа. Дојде моментот и Диви да застане на голот и да блесне со одбрана, и тоа со удар од седум метри. Сите по ред од прв до последен имаа подеднаква заслуга за тој триумф. Натпреварот заврши со конечни 31:20, по што Вардар се пласираше во следната 1/4 рунда.