Видео, вака Комити пред две години ги запоседнаа скопските улици кога се играше исто така возвратен натпревар од квалификациите за Лигата на Шампионите. По тој меч, голем дел на играчите на Бате Борисов изјавија дека е вистинско уживање да се игра пред таков амбиент кој ретко се слуша.
Останува да видиме во какво издание ќе се покажеме на овој уште по значаен меч во вторник. И овој пат собирот е пред Соборниот Храм по 17 часот, каде со кортео ќе се тргне кон нашиот стадион.
Вжештената атмосфера продолжи и на стадионот, односно запад каде Комити ја имаат главната улога.