Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште два дена до големиот спектакл!
Уште два дена до големиот спектакл!

Уште два дена до големиот спектакл!

Уште само два дена до големиот спектакл, кој треба да се случи на нашата Арена. Верните фанови на Вардар со нетрпение го очекуваат овој натпревар, кој може да донесе уште четири нови натпревари во борба за Лигата на Шампионите или Лигата на Европа. Овој момент навивачите на Фк Вардар го очекуваат веќе долго време, па затоа блиску сме до тоа, нашите момци треба да одиграат еден одличен меч пред полни трибини, а ние да ги бодриме кон нови успеси, и нови натпревари кон историја.

Досега се продадени над 14.000 влезници, останува до вторник, ние, навивачите да си го исполниме ветувањето и со една полна арена и  одличен амбиент, да бидеме 12-ти играч на Фк Вардар.
Набавете си билети, одиме по историја. Напред Вардар!