Публиката одлучи дека голот на Дамир Којашевиќ против ФК Победа е официјално најубавиот гол за изминатата есенска полусезона. Дамир на мечот на домашен терен во ПМФЛ во рамките од 12. коло, во судиското надополнување од 30-тина метри со силен удар погоди во под пречката. Тој гол донесе три бода и направи пресврт и натпреварот. Голот на црногорецот доби 42% гласови, негова беше и втората позиција со голот против Пелистер кој што освои 19% од гласовите. Во продолжение погледнете го неговото ремек-дело.