На повидок е третотото издание на младинскиот ракометен турнир, “Вардар, еден живот, една љубов“ кој е во целосна организација на нашиот клуб.
Турнирот ќе се игра во вкупно 5 сали, и тоа во малата и големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански”, како и во салата на спортскиот центар Кале, и Основните училишта „Круме Кепески” и на „Невена Георгиева – Дуња”.
Најмалата генерација 2006/09 ќе игра во салата „Невена Георгиева – Дуња”, додека останатите генерации што ќе играат на турнирот се 2000/2001, 2002/2003 и 2004/2005 и ќе играат во останатите четири сали. Поради големиот број на учесници, оваа година турнирот ќе се игра во два викенди и тоа на 14, 15 и 21 и 22 јануари. Ќе настапуваат сите регионални школи кои се дел од ракометната академија на Вардар. Покрај медали за победничките екипи, ќе бидат доделувани и награди за најдобрите играчи на своите позиции на завршниот турнир. Можноста да се борат за врвот и наградите ќе имаат повеќе од 1200 деца.
Дополнително ќе ве информираме за термините и саатниците на одигрување на натпреварите во секоја возрасна категорија.