Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Кањелас и Чупиќ во ТОП-10 најдобри трансфери за 2016 година
(ВИДЕО) Кањелас и Чупиќ во ТОП-10 најдобри трансфери за 2016 година

(ВИДЕО) Кањелас и Чупиќ во ТОП-10 најдобри трансфери за 2016 година

Жоан Кањелас и Иван Чупиќ на почетокот на сезоната пристигнаа во редовите на Вардар и нивното доаѓање се најде во ТОП-1О најдобри траснфери за летото 2016 година. Кањелас пристигна од екипата на Кил и до овој период постигна 24 голови во црвено-црниот дрес. Иван Чупиќ стана европски шампион со екипата на Киелце и летово пристигна во редовите на Вардар. Десното крило на девет натпревари во лигата на шампиони постигна 16 голови за нашиот ракометен шампион.

Вака изгледа листата на ТОП-10 најдобри трансфери за 2016 година:

1. Уве Генсхајмер ( Рајн Некар – ПСЖ)
2. Деан Бомбач ( Пик Сегед- Киелце)
3. Жоан Кањелас ( Кил-Вардар)
4. Драган Гајиќ ( Монпелје-Веспрем)
5. Гудјон Валур Сигурдсон ( Барселона- Рајн-Некар)
6. Андреас Волф ( Вецлар-Кил)
7. Лука Степанчиќ ( Загреб-ПСЖ)
8. Филип Ивиќ ( Загреб- Киелце)
9. Иван Чупиќ ( Киелце- Вардар)
10. Лукас Нилсон ( Истад-Кил)