Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најубедливата победа полусезонава (ВИДЕО)

Најубедливата победа полусезонава (ВИДЕО)

ФК Вардар првата етапа од новата сезона ја помина успешно. Нашиот тим и оваа сезона новата година ја дочека на првата позиција на табелата. Исто така вардарци одиграа и одлично во Националниот Куп на Македонија. Ова натпреварување веќе ни стана “болна” точка. Се надеваме дека токму оваа сезона ќе биде сезона кога конечно ќе го подигнеме и Куп трофејот. Вардарци веќе се во 1/2 финалето каде ги очекува тимот на Шкендија. Вардар токму во ова натпреварување ја запиша и најубедливата победа. На 24.08.2016 година на стадионот во Тетово високо го поразивме тимот на Скендербеу со 0:9.
Мало потсетување, видео од најубедливата победа оваа полусезона.