Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Бојан Колевски погоди за Македонската репрезентација до 19 години, која обезбеди пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП
Бојан Колевски погоди за Македонската репрезентација до 19 години, која обезбеди пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП

Бојан Колевски погоди за Македонската репрезентација до 19 години, која обезбеди пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со победа и максимални девет освоени бодови го заврши квалификацискиот турнир и на тој начин обезбеди пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП. Избраниците на Вујадин Станојковиќ славеа и на третиот натпревар, против селекцијата на Лихтештајн и тоа убедливо со резултат 6:0 и на тој начин го потврдија првото место во групата.

На дуелот со Лихтештајн, стрелец на еден од головите беше играчот на Вардар, се работи за напаѓачот Бојан Колевски. Тој успешно стрелаше во 7 минута, за водство на Македонија од 2:0. Покрај Колевски во стартниот состав на овој дуел се најде и левиот бек, Филип Антовски, кој беше воедно стартер на сите три мечеви во овој квалификациски турнир, кој се играше на тренинг центарот “Петар Милошевски.

Покрај Македонија од нашата група продолжува понатаму и селекцијата на Белгија, која во решавачкиот натпревар ја совлада Швајцарија (5:3). Ждрепката за елитните квалификации ќе се одржи на 6 декември во Нион, каде Македонија ќе ги дознае своите противници.