Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Бојан Колевски: Секој млад фудбалер сака да биде дел од поголем клуб, односно во најдобриот со најголема традиција во Македонија
Бојан Колевски: Секој млад фудбалер сака да биде дел од поголем клуб, односно во најдобриот со најголема традиција во Македонија

Бојан Колевски: Секој млад фудбалер сака да биде дел од поголем клуб, односно во најдобриот со најголема традиција во Македонија

Младинците на ФК Вардар стигнаа до првата пролетна победа, откако во саботата го добија убедливо дербито против екипата на Пелистер. Нашите надежи ја оправдаа улогата на фаворит и со пет голови во мрежата го испратија Пелистер дома. Пет различни играчи се запишаа во листата на стрелци, а деби гол постигна и новото засилување Бојан Колевски. Покрај него противничката мрежа ја погодија уште и Берат Исмаил, Виктор Димков, Филип Стојчевски и Ердон Даци. Впечатоците од триумфот против Пелистер можете да ги прочитате од новото засилување, Бојан Колевски.

-Според мене натпреварот со Пелистер го одигравме одлично и ги извршивме задачите кои ни беа поставени од нашиот тренер Марковски и заслужено победивме. Мечот започна добро за нашата екипа, како што и планиравме што порано да го отвориме резултатот и тоа се случи уште во првиот напад односно во првата минута. Потоа дојде и вториот погодок и до крајот на полувремето имавме убедливи четири гола позитива. Играта беше добра, односно неможеме да се пожалиме бидејки натпреварот заврши со убедливи 5-0. Секако дека имаше добри и лоши страни, како и на секој натревар понатаму ке се потрудиме лошите работи што побрзо да ги поправиме а добрите да ги задржиме, но секако најбитно е што ги освоивме трите бода.

Во зимскиот преоден рок оваа година, Вардар го засили Бојан Колевски кој дојде од екипата на Металург. Истиов играч беше дел од подготовките на првиот тим во Анталија, а исто така е стандарден во младинската репрезентација до 18 години.

Секако дека секој млад фудбалер сака да биде дел од поголем клуб, односно во најдобриот клуб и клубот со најголемата традиција во Македонија. Младинците одлично ме прифатија со оглед на тоа што и веќе се познавав со одреден дел од играчите бидејки заедно имавме настапувано во претходниот тим и во националниот тим на Македонија.

Бојан вели дека младинскиот состав до крајот на сезоната ќе атакува на трофеи во лигата, каде сме лидери, како и во купот каде обезбедивме пласман во полуфиналето.

-Од младинската екипа нема потреба од прашање што да очекувате, тоа е и повеќе од јасно, двојна круна односно титулата во младинската лига и титулата од купот. Од мене ветувам дека ќе го дадам максимумот заедно со моите соиграчи да допринесеме за тие титули да се најдат во витрините на Ф.К Вардар.

Првиот тим на Вардар е желба за Колевски, кој се надева дека еден ќе избори место во првата екипа.

-Секако целта на секој млад играч е да се избори за стартен состав во првата екипа и за мојата позиција да постигнува голови и со тоа да придонесувам Вардар да освојува повеќе трофеи.

Звонко Ивановски