Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за девојките на РК Кузман во генер.2000/01 и РК Делчево кај генер.2002/03 во Јуниор лигата
Победи за девојките на РК Кузман во генер.2000/01 и РК Делчево кај генер.2002/03 во Јуниор лигата

Победи за девојките на РК Кузман во генер.2000/01 и РК Делчево кај генер.2002/03 во Јуниор лигата

Вчера во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје  се одиграа дел од мечевите во 9.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај дамите се одигра еден дуел во генерацијата 2002/2003 и еден натпревар кај девојките родени 2000 и 2001 година.

Кај девојките во генерација 2002/2003 година екипата на РК Делчево Вардар дојде до победа против екипата на РК Ново Лисиче Вардар со резултат 27-14. Први со гол овој дуел го отворија избраничките  на Горан Велков, тие во почетните минути поведоа со 4-0. Конечно по 5 минути игра девојките од Скопје намалија на 4-1, по што следеше нова серија 3-0 и најголемо водство на Делчево од “шест плус“ односно 7-1. Во продолжение РК Ново Лисиче се врати во  мечот влезе во игра гол за гол, двете екипи постигнаа по четири гола и во финишот се влезе со 11-5. Делчевки во последните моменти со гол зголемија на 12-5, резултат со кој се замина на пауза.

2 3

Вториот период со гол го отворија девојките на Делчево кои поведоа со 13-5. На средината од вториот дел дамите предоводени од Велков успеаа да се одлепат на двоцифрена предност односно поведоа со 20-10 во тие моменти. Се до крајот беше формалност тимот кој дотогаш доминираше продолжи со исто темпо, екипата на Делчево Вардар победи на крајот со 27-14. Кај победникот Јована Илиевска имаше 8 гола, Исидора Сугарева погоди 7 пати,  а Анастасија Ангеловска стрелаше умешно 5 пати. Кај поразените Јана Василева беше неверојатна со 10 гола.

4

Во натпреварот кај девојките во генерација 2000/2001 екипата на РК Кузман Вардар од Скопје дојде до победа со минимални 13-12 во натпреварот со екипата на РК Карпош Вардар од Куманово. Овој интересен дуел почна со погодок на девојките од Скопје за 1-0, на кој веднаш одговорија кумановчанки со гол за иззедначување 1-1. Во следните минути се играше изедначено беше првин 2-2 па потоа 3-3 некаде на средината од првиот дел. Девојките предоводени од Александра Кузмановска со серија 3-0 поведоа со 6-3. На тоа РК Карпош кој на клупата ја има Наташа Младеновска со серија 1-3 го однесе мечот на полувреме со активна негатива за нив од еден гол, 7-6.

5 6

Второт дел започна со погодок на скопјанки за 8-6, на тоа со два последователни гола одговори Карпош кој изедначи на 8-8 и најави неизвесност во продолжение на овој женски натпревар. Потоа се играше борбено на двете страни, двата колектива постигнаа по три гола и во последните пет минути се влезе со резултатска симетрија на семафорот, 11-11. Скопските девојки поведоа на крајот со 13-11, откако постигнаа два гола во серија. Сепак РК Карпош не се предаде намали на 13-12 и имаше прилика за удар кој ќе донесе реми. Кузман одигра добра одбрана успеа да истече времето, а кумановски добија удар и прилика од 9 метра која заврши крај голот. Кај победникот најуспешен поединец беше Ана Марија Божиноска, таа постигна 7 гола, кај поразените  Теодора Златановска беше “прва ударна игла“,  која постигна 5 гола.