Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС утре гостува во Куманово
Вардар СЦЈС утре гостува во Куманово

Вардар СЦЈС утре гостува во Куманово

Вардар СЦЈС утре ги продолжува натпреварите во женската  ракометна лига. Нашите девојки предводени од Симе Симовски  ќе гостуваат во Куманово кај тимот на ЖРК Куманово.

Ова ќе биде натпревар во рамките на 15 првенствено коло. Вардарки се наоѓаат на втората позиција на табелата со 12 победи и два порази, нашиот утрешен противник се наоѓа на треттата позиција на табелата со учинок од 10 победи и 4 порази. Во првиот меѓусебен дуел сезонава во Скопје во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“, вардарки ги победија кумановчанки. На полувреме нашите девојки губеа со 10:13, сепак на крајот  победија со 30:23.

Овој натпревар ќе започне во 19 часот.