Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Колку дуели го очекуваат Вардар до титулата?
Колку дуели го очекуваат Вардар до титулата?

Колку дуели го очекуваат Вардар до титулата?

Сега веќе се е јасно. Првата македонска фудбалска лига ќе продолжи. Лидерот на табелата, Вардар ќе одигра уште вкупно девет натпревари.

Вардар најпрвин (сеуште не е официјален датумот) ќе одигра дуел на Чаир. Потоа дома ќе ги пречека Силекс и Ак. Пандев, за во последното коло од регуларниот дел да гостува во Тетово кај Шкендија. Доколку Вардарци ги добија сите овие четири дуели, тогаш ќе бидат многу блиску до титулата, односно ќе им треба уште една победа за и официјално да ја врати во Скопје титулата.

Доколку Вардар не ги добие овие четири натпревари од регуларниот дел, ќе продолжи да се бори за титулата во плеј-офот каде ќе бидат одиграни уште вкупно пет натпревари (три на домашен терен и два на гостински, според тоа како ќе изгледа првенствената табела по одигрувањето на тие претходни четири натпревари).

Значи, пред Вардар е поволен распоред, бидејќи има десет бодови предност пред Силекс и единаесет пред Шкендија.

Според неофицијалните најави, Вардар ќе започне да игра на 14 јуни со дуелот на Чаир.