Откако е донесена одлука првенството во Првата лига да продолжи, екипата на Вардар почна да се подготвува за останатите натпревари од оваа сезона.
Лидерот на табелата почитувајќи ги сите мерки и препораки, своите тренинзи ги одработува на тренинг центарот во населбата Хиподром.
Како што најавивме пред некој ден, Васоски доби стручна тренерска помош од поранешните фудбалери Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески.
Вардарци се комплетни и тренираат, но и со нетрпение го очекуваат стартот на деветте останати кола, каде ќе треба да ја потврдуваат титулата.