Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > „Комити” : Овој тим викендов ќе гостува во Тетово кај дирекниот ривал за титулата, каде очигледно ние имаме доживотна забрана за гостување како група
„Комити” : Овој тим викендов ќе гостува во Тетово кај дирекниот ривал за титулата, каде очигледно ние имаме доживотна забрана за гостување како група

„Комити” : Овој тим викендов ќе гостува во Тетово кај дирекниот ривал за титулата, каде очигледно ние имаме доживотна забрана за гостување како група

Најновото соопштение на навивачката група „Комити“ , по повод дерби дуелот во Тетово во сабота, но и околу посетеноста на трибините ви го пренесуваме во целост:

Пред да започне сезоната, дежурните фрлаа со дрва и камења по клубот и по нас, ‘Уште една пропадната сезона’, ‘Ќе испаднеме од лига’, ‘Комити не реагираат а клубот пропаѓа’, ‘немаме тим и играчи’ итн… Ние бевме смирени, не ги послушавме, но и не влегувавме во дискусии, дебати и не возвраќавме, туку ударот го амортизиравме на нас самите. Ние го познаваме овој тим, присутни сме на сите натпревари и знаеме дека овој состав може, овој состав е воигран, има хемија, другарство спортска дрскост, има командант кој знае како да ги мотивира и квалитет и искуство кое знае да го пренесе, дел е од нив, дел од нас, и тоа е најголемото и неопходно појачување кое ќе донесе резултат.

Повикавме на верба и поддршка затоа што верувавме во нив и кога можеби тие самите не веруваа во себе!

Овој тим викендов ќе гостува во Тетово кај дирекниот ривал за титулата, каде очигледно ние имаме доживотна забрана за гостување како група (Освен ако некој по допрен глас одлучи дека е убаво за фудбалот и спортот да ни се дозволи да отидеме)… Но што и да се случи таму овие играчи заслужуваат следното коло во Ѓорче вистински да ја почувствуваат нашата поддршка!

Нека се почувствува на трибините повторно како и тогаш, кога никој не им даваше шанси, кога беа притискани од сите страни, ние застанавме цврсто позади нив затоа што верувавме. Да покажеме дека веруваме !!!