Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Комплетна анализа за пионерите на Фк Вардар, пред почетокот на пролетниот дел
Комплетна анализа за пионерите на Фк Вардар, пред почетокот на пролетниот дел

Комплетна анализа за пионерите на Фк Вардар, пред почетокот на пролетниот дел

Пионерите на Фк Вардар напорно се подготвуваат за почетокот на пролетниот дел од сезоната, кој требаше да стартува викендов. Првото пролетно коло ќе се одложи најверојатно за следниот викенд, поради лошите услови за игра на терените во Македонија.

Во есенскиот дел од сезоната имаат половичен ефект, забележувајќи пет победи, еден нерешен резултат и пет порази. Сите резултати на пионерите на Вардар во првиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар-Пелистер 4:1

2 коло: Македонија Ѓ.П-Вардар 0:2

3 коло: Вардар-Работнички 1:1

4 коло: Металург-Вардар 2:0

5 коло: Вардар-Академија пандев 0:1

6 коло: Вардар-Ренова 3:0

7 коло: Милано-Вардар 2:0

8 коло: Вардар-Турново 5:0

9 коло: Дрита-Вардар 3:1

10 коло: Вардар-Шкупи 2:1

11 коло: Шкендија-Вардар 2:0

Во националниот куп се пласираа во полуфиналето, каде во среда ќе го одиграат првиот натпревар против екипата на Еуромилк. Претходно ги елиминираа екипите на Ренова и А. Пандев.

1/8 Вардар-Ренова 4:0

1/4 Вардар-А.Пандев 1:1 (прв меч)

1/4 А.Пандев-Вардар 0:2 (втор меч)

Најдобар стрелец во пролетниот дел е Дејан Маркоски, кој има псотигнато вкупно седум гола, од кои два се првенствени и пет во купот.

Во подготвителниот период одиграа неколку пријателски натпревари , како припрема за она што ги очекува во вториот дел.

1. Вардар-Скопје 2:0 ( Трајчевски, Маркоски)

2. Борец-Вардар 0:6 ( Маркоски (2), Кировски, Скендерски, Менкиноски Петрески)

3. Вардар (пионери)- Вардар (помлади пионери) 3:2

Тренер на екипата е Ане Андоновски, капитен Дејан Маркоски.